Во текот на ноќта, руските сили нападнаа енергетски објекти во регионот Одеса, а оштетена е и соларна електрана, објави началникот на регионалната воена администрација, Олег Кипер.
Кипер истакнува дека во нападот немало жртви.
Тој на Телеграм изјави дека руските сили намерно продолжуваат да ја напаѓаат цивилната инфраструктура во регионот Одеса, објави Укринформ.
