Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 34 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.
