Сончево но ќе има дожд и ветер во западните делови, температури до 27 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.