Сончево со мала локална облачност и со ветер – максималната температура до 28 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.