Сончево со умерена облачност – температурата до 26 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

До недела ќе преовладува стабилно време. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе предизвика пораст на температурите. Од понеделник ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност.