Синдикатот за образование и наука побарал наставниците кои работат со две групи, да добијат надомест со покачување на платата. Потпретседателот, Фатон Чиче, за ТВ21 вели дека овие наставници работат дупло, бидејќи работат од 10 до 12 часа и доколку оваа барање не се реализира може да дојде до бојкот на наставата.
„Ние испративме допис сите општини, во сите училишта, наставниците кои работат во две групи, наставниците кои држат настава со физичко присуство во ниските класови, кои предаваат англиски исто така, кои работат повеќе од 8 часа, а според колективниот договор тие работат над 8 часа на ден што значи дека им следува покачување на платата од месец октомври па наваму. Ние се надеваме дека платата што ќе ја земат сега за октомври ќе биде покачена за тие наставници кои работат во такви услови, во групи“, посочи Фатон Чиче.
ТВ21 се обрати и до Министертсвото за образование од каде што велат дека трудот на наставниците треба соодветно да се вреднува, бидејќи како што велат, тие се најважната алка во образовниот систем.
„Исплатата на прекувремените часови е законска обврска, предвидена во законот за работни односи и истата треба да се почитува. МОН веќе испрати официјален допис до училиштата, односно до училишните раководства да го имаат во предвид овој момент. Секој наставник кој работи прекувремено, со две групи, да го добие приходот кој му следува. Пари за оваа намена има, затоа што МОН обезбеди дополнителни средства преку блок дотациите. Така што, очекуваме директорите да направат пресметки колку такви наставници имаат во својот колектив и соодветно да им се исплати прекувремената работа. Трудот на наставниците треба соодветно да се вреднува“, велат од министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука ги негира тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1.000 заразени наставници. Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280.
