СОНК: До недела вечер ќе имаме одлука – ниту денеска нема конкретна понуда од Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Штрајкот на околу 25 000 просветни работници и воспитувачи од градинките продолжува и денеска. Нема конкретен предлог од Влада при средбата со СОНК, за да знаат дали прифаќаат или не. До недела вечер СОНК најавуваат дека ќе донесат одлука.

-Повторно ги вкрстивме аргументите нашите барања за зголемување на платите во дејностите што ги застапуваме, од друга страна тие ги искажаа состојбите во државата и колку е буџетот моќен за зголемување на платите така што добивме некои информации кои не се врзани со утврдување на процент. СОНК ќе расправа по однос на арсправите во Влада и ќе дадеме напатствија на членствто известување за главното барање на вЛадата во инетрес на учениците и децата од градинките, штрајкот да се стави во мирување, се додека за 2-3 дена конечно не се дефинира, вели Јаким Неделков претседател на СОНК.

Владата по денениот состанок со СОНК истакна дека е отворена дијалог за постигнување систем за раст на платите.

„Владата е отворена за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови о незадоволтва и со кој ќе се обезбеди модел з араст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за мини,мална плата ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот“ стои во соопштението од Влада.

Претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите. СОНК е во штрајк петти ден, исто толку учениците од основните и средните училишта немаат настава, а децата во градинките ги згрижуваат заменски воспитувачи. Мал број на училишта бсе исклучок, чиј наставен кадар не се членови на СОНК.