Легитимно право е да се штрајкува, но обврска по закон и устав е дечињата да бидат згрижени вели министерката Јована Тренчевска, по најавата на СОНК за генерален штрајк на 11-ти април.
Од СОНК објаснија дека не велат дека градинките и училиштата нема да работат, но нема да згрижуваат и нема да го реализираат воспитно – образовниот процес. Оставаат на директорите да одлучат по ова прашање.
„Ќе се организираме секако процесот на згрижување нема застане, ќе се организираме зошто не целиот персонал ќе штрајкува и ќе ги искористиме сите ресурси тој воспитнообразовен дел не застане“, вели Елена Устамитова директорка на ЈОУГД „Буба Мара“.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска најави дека ќе имаат средба во Влада каде повторно ќе преговараат за 18, 5 % скалесто покачување на платите. Од Влада за ТВ21 деновиве дадоа оптимистички одговор дека секогаш постои расположение за дијалог и решение.
