Сообраќајка помеѓу возило и моторциклист во Скопје – едно лице повредено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 22.09.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(45) од Скопје  и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од И.И.(46) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.