Сообраќајот кон Маврово во прекин – одрони и паднати дрвја на патот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот кон Маврово од клучката на Стража во моментов е во прекин, пишува mkd.mk.

Имено, на местото веќе е создадена огромна колона од возила, а полицијата информира дека се работи за одрони од камења и паднати дрвја на угорницата кон Маврово.

Надлежните служби работат на отстранување на пречките на патот.