Сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Рози Мицкоска, денес ги посети мајките родилки во ГАК и Гинекологија Чаир, таа ги даруваше првороденчињата кои се родија неколку минути по полноќ.
Во посетата на новороденчињата таа беше заедно со градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, министерот за здравство Азир Алиу, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а во Чаир и со градоначалникот Изет Меџити.
