Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека сосема очигледно е дека сертификатот за англиски јазик на новиот директор на АНБ, Бојан Христовски не е реален.
„Очигледно е дека тој сертификат не е реален, тие сертификати траат односно имаат важност од две години и не е издаден од институција која што може да даде таков сертификат. Двојни аршини не смее да има“, вели Спасовски.