Состојбата со пожарите е стабилна, Ангелов: Граѓаните треба да бидат свесни и да пријавуваат сомнителни активности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојбата со пожарите е стабилна, денес има мал број пожари, додека вчерашните пожари се ставени под контрола. Ова го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој апелираше до граѓаните да внимаваат да не предизвикуваат пожари и да пријавуваат секакви сомнителни случаи.

„Имаме малку повеќе од 5 пожари на отворен простор и ниту еден од нив нема капацитет да предизвика поголема опасност. Очекувам дека наскоро ќе бидат изгаснати од пожарникарите. Вчера имавме малку повеќе од 25 пожари на отворен простор, кои беа изгаснати. Апелирам до сите граѓани да продолжат да бидат свесни и внимателни, за со своето однесување ненамерно да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително однесување, веднаш треба да го пријават на 112 или во најблиската полициска станица“, изјави Стојанче Ангелов – директор на ДЗС.