Сотирова-Бухова: Веќе се изречени решенија во институциите каде се констатирани недостатоци при инспекцискиот надзор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

При извршените повеќе од 700 инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени институции, таму каде се констатирани одредени недостатоци веќе се изречени решенија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) продолжува со контроли по веќе доставените решенија.

Ова денеска го истакна директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Во врска со случајот со препродавање ракавици од Клиниката за нефрологија, Сотирова Бухова рече дека таму веднаш ќе почнат вонреден инспекциски надзор.

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Инспекцискиот совет

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на Инспекцискиот совет

Gepostet von TV21 am Dienstag, 5. Mai 2020