СОВЕТИ: Што и како со клима-уредот, кога во автомобилот има дете?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Возењето автомобил налето може да биде вистински предизвик, ако внатре возите мали деца или бебиња.

Како што температурите растат, бараме решенија за разладување, па често посегнуваме и по клима-уредот во автомобилите.

Но, има неколку работи за тоа коишто треба да се имаат предвид…

1. Изладете го автомобилот пред возењето

Првиот совет е да се обрне внимание на тоа – каде го паркирате автомобилот лете? Ако има можност, оставете го возилото во сенка, но ако тоа мора да биде паркирано на Сонце, тогаш се препорачува да го оладите со клима-уредот, пред да го внесете детето внатре.

2. Умерени температури

Бебињата и малите деца, велат стручњаците, може да бидат во климатизиран простор, но само ако разликата во температурата внатре и надвор не е голема. Се препорачува разликата да не надминува 3 до 5 степени.

3. Прилагодете го воздухот да дува нагоре

Возењето за време на потоплите денови бара употреба на климатизација во автомобилот. Но, ако има дете во возилото, важно е да не биде изложено на воздухот од климатизерот. Најдобро е струењето да се прилагоди така што воздухот ќе дува „нагоре“.

4. Користете одвлажнување

Ако возилото е широко и просторно, прво оладете го, но потоа вклучете ја функцијата за одвлажнување, бидејќи со намалена влажност, и температурата од 26 – 27 степени ќе биде поподнослива.