Советот на ЕУ објави ажуриран список на трети земји чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ од 1 август, во кој повторно не е вклучена ниту една земја од Западен Балкан.
Во врска со листата од пред две недели, отстранет е и Алжир.
На списокот на земји што не се членки на ЕУ, чии граѓани имаат право да патуваат, вклучуваат: Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.
Брисел наведува дека критериумите за утврдување на кои земји ќе се најдат на списокот се однесуваат првенствено на епидемиолошката состојба, мерките за заштита, вклучително и физичката оддалеченост, како и социјалните и економските параметри.
Списокот на земји треба да се ревидира на секои две недели во врска со најновите епидемиолошки податоци, а Советот на ЕУ наведува дека ќе биде свикан итен состанок за време на летната пауза во август, доколку има драстична промена на состојбата во една од државите.
