Советот на ЕУ одлучи постепено да го воведува новиот ЕЕС систем за патување во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на ЕУ денеска постигна договор за постепено пушање во употреба на новиот систем за патување во земјите на ЕУ, автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани на земји кои не се членки на ЕУ кои патуваат во европска земја.

И покрај не е одреден конкретен датум за почнување на работа на системот. Министерот за внатрешни работи на Полска, Томаш Сиемониак чија земја претседава со Советот на ЕУ, изјави дека целта е системот да започне со работа во октомври.

Системот ЕЕС дигитално ќе ги снима влезовите и излезите, податоците за пасошите, отпечатоци од прсти и фотографии на лицата на граѓаните од земјите кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ги и македонските граѓани.