Советот на ЈО ја одби претставката на Ристоска – Бесими: Премиерот не го кажал нејзиното име и сметаме дека не ја навредил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители едногласно ја одби претставката на Ленче Ристоска и не најде дека е нарушена нејзината самостојност од страна на премиерот Христијан Мицкоски кој, иако не и го спомна името, во едно интервју употреби термин медиокритет со клиентелистичко-политичка матрица. Според тричлената комисија која го разгледувала случајот таквите термини наведени од Мицкоски можеле да се ценат како вредносни или критички, но не претставувале повреда на професионалниот интегритет на обвинителот.

„Во предметните изјави премиерот не наведе ниту идентификува на било кој начин конкретен јавен обвинител ниту овие изјави биле поврзани со конкретни предмети, поради што не може да се утврди реално влијание врз самостојноста на јавниот обвинител, ниту нејзиниот професионален интегритет“, вели Маријана Илиевска.

Претседателот на Советот Башким Бесими образложувајќи ја одлуката вели дека со самото тоа што тој не ја спомнал со име не може да е смета дека тој ја навредил неа.

„Самиот факт дека колешката Ленче во записникот имаше неконкретни ставови, значи имаше ставови од причини што од кога е почнато Специјалното па до сега, поради тоа ние сметавме дека во конкретниот случај јавниот обвинител не му е загрозено и поради тоа одлучивме така. Ние сметавме од причини што сега во конкретниот случај премиерот никогаш не го кажал името на Ленче во конкретниот записник и заради тоа сметавме дека нема повреда“, додава Башким Бесими.

Иако според Правилникот во вакви случаи кога има нејаснотии Советот има должност да побара став од премиерот, Башкими вели дека немало потреба од такво нешто.

„Согласно правилникот ние кога сме во дилема, како Совет бараме став на конкретно лице во конкретниот случај немавме потреба од тоа. Значи тоа во правилникот е прецизирано“, вели Башким Бесими.

Ристоска и пред да ја поднесе претставката рече дека чувствува притисоци и навреди и достави до премиерот Мицкоски барање за јавно извинување, но не доби. Таа како обвинител ги води случаите Талир 1 и Талир 2 на поранешното СЈО кои се однесуваат за незаконско финансирање и за партискиот имот ВМРО-ДПМНЕ.