Спасовски: Димитриевски има право на свој став, за тоа ќе се разговара во партија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска посочи дека неговиот сопартиец и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски има право на свое мислење и свој став.

Ова следува откако Димитриевски вчера на својот Фејсбук профил напиша дека парафразирањето на специјалниот претставник за Бугарија, екс премиерот, Владо Бучковски за тоа дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство.

„Тоа се партиски активности. Јас овде сум како министер. Не би сакал сега да коментирам ничии изјави. Секој има право на свој став, свое мислење. Тоа ќе судат граѓаните кој на каков начин размислува. Како што јас искажувам свој став по многу прашања, така има секој право тоа да го прави. Не би сакал партиски да го злоупотребувам медиумот и посетата за да разговараме за овие теми. Има место, за тоа ќе се разговара во партија“, порача Спасовски.