Спасовски: Голема, обемна и сложена беше акцијата во Арачиново, во моментов осум лица се уапсени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција откри некои детали околу акцијата на МВР во Арачиново, каде што беа запленети 2 тони марихуана, украдени од Јосифово. Министерот рече дека осум ица се уапсени.

„Тоа беше обемна, голема акција на територијата на Арачиново. Вчера дадовме известување со податоци кои може да бидат споделени. Со оглед дека истрагата се уште трае и има проширување на истата. За сите детали кои може да бидат соопштени, ќе бидат соопштени. “, рече Спасовски.

Тој вели дека за сите лица ќе се бара притвор, затоа што станува збор за недозволена трговија и шверц со дрога, и дека во моментов има уапсено осум лица.

„За сите лица кои се во истрагата ќе се бара притвор, затоа што е недозволена трговија и шверц со дрога. Станува збор за осум лица кои во моментов се во притвор. “, кажа Спасовски.