Спасовски открива нови детали за акцијата во Арачиново и украдената марихуана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во понеделникот беше спроведена полициска акција во Арачиново, во која беа запленети два тони марихуана од украден камион од Јосифово.

Тема за која го прашавме и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше гостин во ТВ21 во дебатната емисија „Клик Плус“.

Спасовски откри нови детали околу акцијата во Арачиново.

„Тоа беше добра и голема акција која ја спроведовме, и покажа дека имаме нулта толеранција кон вакви активности. Истрагата се проширува и е во тек. Сега не би сакал дополнителни детали да изнесуваме, постојат уште многу информации, многу индиции кои ќе ја заокружат приказната и ќе го заокружат до крај процесот. Важно е дека влезено во трага на криминалците, но тука има вклучување на други лица, истрагата до крај ќе ги покаже сите аспекти. Ова е само дел од акцијата“, изјави Спасовски.

МВР открила само 230 килограми од 2 тони. Спасовски на прашањето дали МВР има сознание каде е другата количина, одговори:

„Еден дел од таа дрога е пронајдена во Арачиново. Имаме индиции каде е останатата количина.“, изјави министерот.

Повеќе детали низ следното видео: