Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека мора да се сложи со граѓаните дека партиите покажале дека одредени прашања за кои се залагале, не се релевантни кога се дел од власта.
„Најголемиот дел и најважните прашања нема да ги решавате кога ќе дојдете на власт, а претходно било како ветување или еден мал дел ќе изоставите да не го решавате. И затоа ни се случуваат најголемите манипулации“, вели Спасовски.
Тој порача дека најлесно е кога ќе играте на национална карта.
„Како што беше и моделот дека ние сме тие кој ќе ја направат Македонија повторно горда, и сега гледате што се случува кога ќе дојдеме на власт – никој не се занимава со оваа тема дури се прогласуваат за ремек дела овие договори што се постигнати“, вели Спасовски.