Спасовски: Воведуваме платежни картички за граѓаните во вредност од 9.000 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата Оливер Спасовски на денешната прес конференција истакна дека ќе воведат платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

„Околу 100.000 граѓани на нашата земја ќе добијат платежна картичка вредна 9.000 денари за македонски производи и услуги. Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кој немаат над 15.000 месечни приходи, како и приматели на гарантирана минимална помош“, посочи Спасовски.

Тој додава дека со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашните производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.

„Оваа платежна картичка може да се користи само за домашни компании и производи, и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра“, објасни Спасовски.

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на премиерот Спасовски за третиот пакет економски мерки

? [ВО ЖИВО] Прес-конференција на премиерот Спасовски за третиот пакет економски мерки

Gepostet von TV21 am Sonntag, 17. Mai 2020