Спектакл на небото, има целосно затемнување на Сонцето!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Затемнувањето на Сонцето е во тек.

Во повеќето градови, затемнувањето започна помеѓу 19:25 и 19:30 часот. Бидејќи се случува непосредно пред зајдисонце, набљудувањето бара отворен поглед на западниот хоризонт.

Затемнувањето предизвика голем интерес и во остатокот од Европа. Целосната фаза е видлива од делови од Гренланд, Исланд и Шпанија и многу мал дел од Португалија, додека делумното затемнување може да се набљудува од голем дел од континентот.

Фотографиите веќе пристигнуваат од бројни европски земји, а во Шпанија, која е на патот на целосното затемнување, интересот е толку голем што на некои патишта се формирани големи сообраќајни метежи.

За директно набљудување на Сонцето, потребно е да се користат соодветно сертифицирани заштитни очила или соларни филтри. Обичните очила за сонце не обезбедуваат доволна заштита.