Спектакл над Eвропа: Mилиони го следеа затемнувањето на Сонцето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Милиони луѓе вчера го следеа реткото целосно затемнување на Сонцето. Месечината целосно го покри Сонцето во делови од Шпанија и Исланд, создавајќи спектакуларни сцени.  Целосното затемнување беше видливо и од делови на Гренланд и североисточна Португалија. 

Во останатиот дел од Европа феноменот беше видлив како делумно затемнување.  Настанот привлече голем број туристи и љубители на астрономијата, кои со заштитни очила го следеа небесниот спектакл. 

Ова беше првото целосно затемнување видливо во Европа по 1999 година. Во Македонија, атемнувањето беше делумно, односно Сонцето не беше целосно покриено.