Спектакл во Париз: Дуплантис го урна светскиот рекорд во скок со стап

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Швеѓанецот Арманд Дуплантис му нема рамен во моментов во скок со стап. Со скок од 6,25 метри, го урна светскиот рекорд (досега беше 6,24), и освои ново злато на олимписките игри.

Откако го освои златото, шведскиот атлетичар имаше три обиди да дојде и до светскиот рекорд, и му успеа во третиот обид, за огромна еуфорија на трибините на „Стад Д’ Франс“.

Второто место го освои Сем Кендрикс од САД со далеку под Дуплантис – 5.95. Третото место сензационално го освои грчкиот атлетичар Емануил Каралис 5,90 метри.