Спласна оптимизмот на Заев за ЕУ – Заев: Порачавме јасно – тргнете ја секоја дискусија за идентитетот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По интензивните средби и разговори на високите претставници на Европската унија премиерот Зоран Заев со јасен став дека со идентитетот и јазик нема да преговара. Со македонскиот идентитет не смее да си игра ниту мојата влада, ниту која било друго влада и уште помалку друга држава и Унија во која што се уште не сме членка. Тој порача дека и покрај се, нашата земја ќе ја продолжи европската агенда.

„Порачавме јасно и гласно и повторивме, тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел. После тоа можеме да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина. Ние имаме и гордост и сопствен идентитет“, истакна Зоран Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се зачудени како може Заев кој во 2018 година тврдеше дека Македонија ги почнала преговорите сега да бара изговори зошто тие не се почнати.

„Во 2018 немаше вето од Бугарија но преговорите не беа отпочнати, денес имаме дополнителни проблеми а еден од проблемите за непочнувањето на преговорите е големата корупција на чие што чело е Зоран Заев“, вели Антонио Милошоски.

На своите ставови останува и официјална Бугарија. Вицепремиерката и министер за надворешни работи во оставка Екатерина Захариева на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи истакнала дека земјите од регионот мора да ги почитуваат критериумите на Европската унија.

„Само по себе започнување на преговори за членство во Европската унија не е доволно за да ја зацврстиме геополитичката ориентација на Западен Балкан. Неопходно е земјите од регионот да ги почитуваат критериумите на Европската унија и ефикасно да ги спроведуваат потребните реформи, како и да ги прекинат дезинформациските кампањи против земјите членки“, посочи Екатерина Захариева.

Премиерот Заев како и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше средби и со бугарскиот европратеник и воедно известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук. Бугарскиот европратеник  истакнал дека на средбата било истакнато дека поврзаноста меѓу Македонија и Бугарија и клучот за добрососедските односи. Потребна ни е агенда заснована врз иднината, враќање на довербата и зајакнујвање на односите меѓу двете земји, истакнал Ќучук.