Спојувањето на ВЛЕН, комплексно прашање – процесот заглавува кај изборот на лидерот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжуваат средбите во рамки на коалицијата ВЛЕН за да се разговара околу спојувањето во една партија, но сѐ уште нема конечна одлука. Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, изјави дека станува збор за комплексен процес, но додаде дека се среќаваат еднаш или два пати неделно со цел да се заокружи оваа идеја.

„Ова е комплексен процес, во кој разговараме најмалку 1–2 пати неделно. Оваа недела го имавме последниот состанок и во текот на неделата е предвидена следната средба. Се разговара и за прашањето на лидерството, но и за прашањето на целосното структурирање на ВЛЕН како политичка структура. Ние сме четири политички субјекти, а исто така и Самоопределување, која треба да биде инкорпорирана во ВЛЕН, како и Движењето Арберија. Затоа, ова не е само административно прашање што ќе овозможи обединување во една партија, туку треба да биде отворена можност за сите што сме дел од ВЛЕН“, вели Биљал Касами.

Веќе дел од ВЛЕН е и Движењето Арберија. Орхан Ибрахими од овој субјект во емисијата Клик Плус изјави дека за оваа идеја е потребно време и дека целта ќе се постигне постепено.

„ВЛЕН не престанува да биде едно, никаква грижа, ВЛЕН е едно. Овој ВЛЕН победи и на парламентарните и на локалните избори. ВЛЕН е едно“, рече Орхан Ибрахими.

– Сепак, самиот ВЛЕН ја изнесе идејата за спојување во една партија, не е дека некој ја наметнува.

Во ред е тоа е наше самоопределување, но тоа нема да се случи утре, туку постепено, важна е содржината.

Ситуацијата заглавува кај изборот на лидерот, бидејќи во коалицијата има четворица претседатели на партии. Се спомнуваат неколку опции, како едногодишна ротација на претседателот, опција со ко-претседатели, но и други решенија.

Во рамки на ВЛЕН во моментов има шест субјекти: Демократско Движење, БЕСА, Алтернатива, Алијанса за Албанците-Фетаи, Самоопределување и Движење Арберија.