Ова е спортската сала која се наоѓа кај Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Изградена е пред неколку години за да биде во служба на студентите, но сега е во фаза на распаѓање и претворена во место за фрлање отпад.
-Се наоѓаме кај салата на Универзитетот „Кирил и Методиј“. Како што изгледа оваа сала е изградена, но во исто време и уништена. Наместо овој објект да биде во функција, салата се користеше само за кршење на врати и прозорци-јавува репортерката на ТВ21.
Средствата за изградба на оваа сала ги обезбеди Владата, а Агенцијата за млади и спорт склучи договор за вршење на работите со Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Алконпроект“ од Скопје со кое сега имаат судски спор за начинот на плаќање и вршење на техничките работи.
-Од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје преземена е обврска да се изработи проект за санација на настанатата штета од кој точно ќе се утврди и проценетата вредност на санација на истата. Агенцијата за млади и спорт ќе ги обезбеди средствата за спортската сала да се стави во функција на студентите и младите. По добивање на проект за санација на спортската сала од страна на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Агенцијата за млади и спорт ќе пристапи кон административните процедури за реализација на санацијата на објектот-велат од Универзитетот.
Агенцијата за млади и спорт уверува дека салата ќе биде санирана и дека по сите изгледи веќе следната година ќе профункционира.
