Spotify Technology SA (SPOT.N) во вторникот официјално го започна својот сервис за музичка платформа во Русија, каде е најбрзорастечкиот меѓународен пазар за музика, како и во 12 други земји како дел од својата стратегија за проширување по пробивањето во Индија минатата година.
Тие ќе започнат со бесплатни претплатнички услуги на 13 нови пазари, во кои спаѓаат Македонија, Албанија, Косово, Србија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Казахстан, Молдавија, Црна Гора, Словенија и Украина.
Силниот раст за време на глобалната пандемија ги убеди Spotify да продолжат напред со плановите за лансирање, изјави извршниот директор Даниел Ек.
Според податоците од Меѓународната федерација на фонографска индустрија, Русија е 17-ти најголем глобален пазар за платформа на музика каде околу 87% од луѓето пуштаат музика преку Интернет.
Новите пазари претставуваат 250 милиони потенцијални клиенти, велат од компанијата.
„Можеме да бидеме по локални од глобалните конкуренти, а во исто време да бидеме по глобални од локалните конкуренти… Навистина да отвориме прозорец кон светот и за потрошувачите на музика како и за креаторите во индустријата“, рече Густав Гиленхамар, потпретседател во Spotify задолжен за пазарот и порастот на претплатниците.
Од компанијата соопштуваат дека ќе соработуваат со локални дистрибутери, кои нема да ги именуваат, а потпишале и партнерство со цел подобра понуда за уметниците од тие региони.
Главната инвестиција на Spotify, Подкаст, се уште нема да биде покрената во регионот бидејќи пазарот за нив е се уште во „преговори“ со Русија, истакнуваат од компанијата.
