Обвинителството во БИХ соопшти дека денеска полицијата на БИХ на граничниот премин „Бор“ идентификувала петгодишно девојче кое е жртва на трговија со луѓе.
„Обвинител од одделот за криумчарење и трговија на луѓе од Обвинителството во БИХ, во координација со Службата за работи со странци во БИХ и граничната полиција во БИХ, кои во котнрола на роба и патници на редовна автобуска линија на ГП Брод по детали анализи отркија и идентификувала жртва на меѓународна трговија на луѓе“, стои во соопштението.
Девојчето е сместено во сигурен дом, откако патувала со редовна линија со странски државјанин кој е задржан во службата за странци во БИХ.
По девојчето се трагало од страна на меѓународни институции, и почната е процедура за враќањето на девојчето на мајката.
