Спречен терористички напад во Босна и Херцеговина

Сакале да кренат хотел во воздух

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во местото Јања покрај Бијелине, полицијата на Република Српска во претресот на хотелот запленила цела низа запаливи материи, експлозивен и пиротехнички материјал.

Станува збор за место кое се наоѓа на 40-тина километри од Зворник, каде на почетокот на оваа година бил извршен терористички напад, пишува Nezavisne novine.
Полицијата на РС во претресот на хотелот “Dallas” пронашла голема количина на запаливи течности, експлозивен и пиротехнички материјал, меѓусебно поврзани за уништување на споменатиот хотел, кој е во близина на неколку станбени објекти.
Со информацијата дека би можело да дојде до терористички напад, полицијата дошла и до информации за можни мети на нападот, па на тој начин дошла до хотелот “Dallas”, каде бил откриен експлозивот.