Ученичка од осмо одделение, која на социјалната мрежа TikTok објави список на ученици од своето одделение кои има намера да ги избоде со нож, е суспендирана од настава на осум дена, потврди директорката на основното училиште во Задар, Јагода Галиќ.
За новиот случај на закани во училиштето информирана е и задарската полиција, што го потврди и портпаролката Ивана Грбин, додавајќи дека со оглед на тоа дека се работи за малолетно дете, полицијата не може да даде никакви информации освен дека се покренати истраги.
Според изјавите на учениците и родителите, кои преку писмо се обратија до задарските медиуми, станува збор за ученичка кој посетува осмо одделение и поради проблематично однесување повеќепати била пријавувана до надлежните служби, кои за жал речиси и ништо не направиле. Сето тоа кулминирало со закани до класната раководителка и наводно постоење на список на имињата на децата од одделението што таа планира да ги избоде.
