Специјалниот јавен обвинител на Црна Гора, Саша Чаденовиќ изјави дека на 22. јануари е спречена ликвидација. Истрагата покажала дека едно лице требало да биде убиено во Подгорица, додека две на аеродромот во Тиват.
Криминалниот план на организцијата бил во Подгорица да се убие лице, со што ќе биде активиран експлозив под неговото возило, и тоа на семафор.
Обвинителот Чаденовиќ рече дека реализацијата била прекината во моментот на извршувањето на кривичното дело.
„Службеници од секторот за борба против организиран криминал на 27. јануари уапсиле три лица кои пренесувале пластичен експлозив од голема разорна моќ. Од слобда се лишени Т.Х, М.М. и И.Д. Експлозивот е најден во автомобилот на М.М.“, рече тој.
Оваа група исто така имала намера да врши ликвидација и во Бар.
