Соседна Србија на 1. јуни ги отвора границите за четири земји, меѓу кои и за Македонија, јавува „Блиц“.
Србија исто така планира да ги отвори границите и со БиХ и Црна Гора.
Одлуката е донесена врз основа на тоа што ниту една од земјите не била жаришта на коронавирусот.
Засега не е познато дали ќе има задолжително тестирање пред влезот во земјата, како што некои земји ги отворија границите, но со задолжителен тест за коронавирус не постар од 72 часа.
