Србија го одложува пописот, кај нас започнува за 10 дена – „Одложувањето ја става државата во ризик“, рече Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пописот на населението, домаќинствата и становите кој во соседна Србија беше закажан во април, се одложува за октомври, објави порталот politika.rs, а потврдено од Националниот завод за статистика. Од таму сметаат дека поради пандемијата со ковид-19, најризичен е делот од пописот со изборот и обуката на 20.000 кандидати за инструктори и попишувачи, како и 15.000 попишувачи кои треба да ги посетат домаќинствата и да го попишат населението во рок од еден месец.

Во пописот се вклучени лица сместени во домови за стари лица, психијатриски болници, домови за деца без родителска грижа, студенти и ученици во студентски домови и пансиони, мигранти во прифатни центри и други категории на население во колективно сместување кои имаат поголем ризик од инфекција, а поради одложувањето на пописот, за в година ќе се одложи и пописот на земјоделството во Србија, кој беше планиран за октомври.

Од Републичкиот завод за статистика наведуваат дека при донесената одлука за одложување на пописот во Србија, ја имале предвид препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот.

Меѓу европските држави кои го одложија пописот за следната година се Шкотска и Ирска, а останатите европски држави, разгледуваат повеќе сценарија за тоа како би се реализирал пописот пролетва.

Синоќа на прес-конференција премиерот на државата Заев, на новинарско прашање посочи дека одложувањето на пописот кај нас, ја става државата во ризик да не се случи попис и во наредните десеттина години.

„Уште еднаш ќе потврдам, дека секое одложување на пописот, ја става државата во ризик да нема попис и следните 10 години или следните години. 20 години ние немаме попис и сме една од единствените земји во светот, која што нема попис и затоа треба да го спроведеме. Никој не може да каже, какви ќе бидат состојбите, на есен, следната пролет или сл и оттука е дополнително чувството на одговорност да се спроведе пописот. Пописот дава доволно широчина, а тоа е во рамките на деновите, коишто се определени согласно законот, да се пролонгира согласно мерки за заштита, а и да се случат како што најавуваат, читајќи ги пред се новинарските осврти, но и на одредени експерти, што ако се случи цел општински одбор да биде заразен, тогаш логично, согласно деновите за излолација или деновите за заздравување, може да се одложат самите денови, односно може да се пролонгираат, самите денови на попишување, но верувам дека не треба никако да дозволиме да се одложува пописот, заради тоа што, прво ја испраќа пораката на несериозност кон граѓаните, второ ја испраќа пораката на неодговорност. Ја испраќам пораката, апел за сите да се попишеме, бидејќи непопишувањето не не прави поголеми Македонци, Албанци, Турци, Власи, а тоа е наше право и обврска“, истакна Заев.

Пописот во нашата држава е планиран да започне на 1-ви април, претходно се попишуваа вработени во конзуларните претставништва, војска, затвореници…