Министерот за здравство на Србија Златибор Лончар, денеска по соопштувањето на бројките околу новозразени лица, истакна дека Владата донела одлука за продолжување на полицискиот час, во текот на викендот.
„Полицискиот час од викендот ќе почнува од 15 часот“, рече Лончар.
Инаку Македонија веќе го скрати полицискиот час во текот на викендот. Во Србија во последните денови полицискиот час за време на останатите денови трае од 17 до 05 часот.
