Србија: Нема повеќе лечење дома, сите заразени со коронавирус мораат во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите заразени со коронавирусот во Србија, ќе мора да бидат на болничко лекување, без разлика каква е нивната клиничка слика, соопштија од министерството за здравство на оваа земја.

Овие инструкции министерството ги даде на локалните самоуправи.

Досега пациентите кои имале лесна клиничка слика, биле лекувани во домашни услови, но сега секој кај кого е потврено присуство на Ковид-19 ќе мора во имрпровизираните болници во Белград, Нови Сад и Ниш.