Според последните податоци во Србија, регистрирани се нови 5 225 случаи на коронавирус, од 17 436 тестирани.
Во последните 24 часа починаа 39 лица како последица од Ковид-19. Во Србија во моментов на респиратор се наоѓаат 241 пациент.
Властите во оваа земја велат дека овие бројки се должат како непочитување на препораките во пандемија.
„Залудно е вакцинирањето за оние кои ја примиле вакцината ако темпото на имунизација не се забрза“, вели директорот на клиничкиот центар во Ниш, Радмило Јанковиќ и додаде дека се можни нови мутации ако во скоро време не се вакцинира целосно голем дел од нааселението.
