Во Србија продолжува вакцинацијата против коронавирусот, а досега биле вакцинирани 473.087 лица, и таа земја е втора во Европа по бројот на вакцинирани на 1 милион жители.
Подобра од Србија е само Велика Британија, а потоа следуваат Малта, Исланд, Данска, Ирска, Словенија, Романија, Литванија и Португалија.
Србија е убедливо прва во земјите од нејзиниот регион по бројот на вакцинирани.
Но, и покрај вакцинацијата, никако не се намалува бројот на заразени во оваа земја.
Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Џерлек изјавил дека „Србија е блиску до победата над короната“, алудирајќи на вакцинацијата на населението.
