Србија денеска усвои нови мерки за заштита против коронавирусот. Кај нашиот северен сосед кафулињата за 31 декември и 1 јануари ќе работата до 18 часот, а продавниците до 20 часот.
Ова е донесено за да нема новогодишни прослави, со кои би се загрозиле многу луѓе.
„Луѓе, верувајте, имаме уште многу нови години за славење. Ако славиме сега, можеби нема да го дочекаме следниот дочек“, велат властите на прес-конференција.
Потоа до 11 јануари на сила остануваат мерките сите објекти да работат до 20 часот.
