Србија воведува ковид сертификати за влез во кафулиња, ресторани, ноќни клубови…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србија најави дека земјата се подготвува за воведување на ковид сертификати, кои ќе важат во простори каде што не е неопходно луѓето да престојуваат, а степенот на заразување е висок.

Ова вчера го најави премиерката Ана Брнабиќ, по лошата епидемиолошка состојба кан нашиот северен сосед.

„За сертификатите да бидат согласно Уставот и човековите права, ќе бидат воведени во простории каде што не е неопходно да се престојува, а степенот на заразување е висок. Тоа се барови, ноќни клубови, ресторани, кафулиња на затворено“, рече Брнабиќ.

Вчера беа регистрирани 5.461 нов случај и 27 починати. Во Србија вакцинирани со една доза се 52%, а со две дози 50,1% од граѓаните.