Средба Пендаровски-Пленковиќ: Поддршка од Хрватска за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На средбата беше оценето дека двете држави имаат одлична соработка на регионален и на мултилатеран план, со акцент на сојузништвото во НАТО алијансата, каде нашата држава е цврсто посветена на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорности.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за принципиелната поддршка од Република Хрватска за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ. Претседателот Пендаровски ја поздрави идејата за одржување прва заедничка седница на владите на двете држави, на која би се разговарало за идните насоки на соработка.