Средба Таравари – Мемишоглу: Заедничка посветеност за натамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Арбен Таравари, во рамките на активностите на 10. Турски медицински светски конгрес, оствари значајна средба со министерот за здравство на Република Туркије, Кемал Мемишоглу.

 Како што соопштија од Министерството за здравство, на средбата било истакнато досегашното успешно партнерство и потврдено заедничкото залагање за натамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со фокус на спроведување на заеднички проекти од заемен интерес.