Организирани од Средношколски глас, ученици попладнево протестираат пред Министерството за образование и наука против полагање државна матура. Сметаат дека и за оваа генерација, како и за минатата, треба да биде укината зашто и натаму трае епидемијата и наставата на далечина.
Во повикот „На протест. Стоп за државната матура“, од Средношколски глас соопштија дека средношколците се „против дополнителен хаос во образованието“ и дека и онака немањето услови за настава се отежнува со дополнителни неосмислени програми за полагање на матурата.
– Образованието ни виси на конец, не можеме да го стекнеме вистинскиот обем на учење и добивање практично и теорично знаење, и полагањето на матура за учебната 2020/2021 година е невозможно на начин каков што е предложен од страна на Министерство за образование. Физичко присуство на учениците за еден од предметите, а дел да се полагаат онлајн воопшто не е соодветен модел да се полага државна матура, велат од Средношколски глас.
По консултации со сојузи од регионот и од Европа, Сојузот прифаќа да се полага државна матура, која и оваа година се организираше во други држави, но побара помалку да е застапен материјалот откако почна пандемијата и бројот на екстерни испити да се намали од три на два.
