Српската влада е најголема во регионот, еве на кое место е Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во четвртокот Собранието на Србија ја потврди новата влада, седма откако Александар Вучиќ владее со земјата било како премиер или претседател. Тоа е најбројната влада во регионот која брои 32 членови, со која раководи новиот премиер Милош Вучевиќ.

Втора најголема влада е на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ која брои 25 членови. По 20 членови имаат Владите на Македонија и на Романија.

Владата на БИХ има само девет министри, но треба да се напомене дека поради сложеноста на административната структура, има и многу министри на пониско ниво, чии овластувања и не се толку мали. Така двата ентитети што ја сочинуваат БИХ, Федерацијата БИХ и Република Српска, имаат своја влада со по 17 члена, а Федерацијата БИХ е сочинета од десет кантони од кои секој од нив има влада од по 10 члена. 

19 членови има владата на Бугарија на чело со привремениот премиер Димитар Главчев. Техничката влада на премиерот Андреј Пленковиќ и косовската влада на чело со Албин Курти имаат по 18 членови. Најмала влада во земјите во близина има Унгарија со 14 членови.