Во заедничка и координирана акција на властите на Србија и Македонија, во Скопје е уапсено лице со иницијали С. М. (42), за кое постојат сомнежи дека планирало извршување на тешки кривични дела, пренесува ТВ21. Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Србија, уапсениот е член на организирана криминална група и нелегално влегол во Македонија, а се сомничи дека дошол со цел да изврши тешки кривични дела во име на членовите на групата, најмногу убиство.
„Според сомнежите, С. М. во претходниот период нелегално влегол на територијата на Северна Македонија и, како што се сомнева, таму планирал извршување на тешки кривични дела во име на членовите на криминалната група во која припаѓа, најмногу за извршување на кривичното дело убиство“, се наведува во соопштението на МВР на Србија.
При контрола на локацијата каде престојувал С. М., полицијата пронашла пиштол од марка „CZ“ со соодветна муниција, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана и странска лична карта издадена од Република Србија.
Од Министерството за внатрешни работи на Македонија потврдија дека акцијата е спроведена вчера под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Покрај С. М., се уапсени и уште две лица.
„Извршени се претреси на неколку локации во Скопје, каде се пронајдени дрога, пари и мобилни телефони. Од слобода се лишени три лица, од кои двајца српски државјани и еден македонски државјанин“, велат од МВР на Македонија.
Од МВР додаваат дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
