Доскорашниот министер за транспорт, инфраструктура и градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој беше еден од приведените за случајот на железничката во Нови Сад, почнал штрајк со глад, откако му беше одреден притвор.
И покрај обидите да се натера Весиќ да го прекине штрајкот со глад поради здравствени последици, сепак, тој одбивал такво нешто.
Весиќ на 21 ноември беше уапсен заедно со уште 11 лица поради трагедијата во Нови Сад. Два дена подоцна му е одреден притвор од 30 дена нему и за поранешниот директор на Железници инфраструкутра Небојша Шурлан.