Српскиот премиер Вучевиќ во понеделник во посета на Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во понеделник во официјална посета на Македонија ќе присуствува премиерот на Србија, Милош Вучевиќ. Поради тоа ќе има посебен режим за сообраќај низ улиците во Скопје.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од МВР.