Синдикатите инсистираат минималната плата веднаш да се покачи на 18 илјади денари, имајќи го предвид зголемувањето на трошоците за живот и енергетската криза. Од друга страна работодавците сметаат дека минималната плата треба да достигне над 16.300 денари. За ова ќе с е дискутира не седница на Советот за економија во Влада. Сојузот н а синдикатите на Македонија очекува позитивен резултат од средбата базирајќи се врз претходните остварени средби.
И премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на седницата на Економско социјалниот совет меѓутоа тој не сакаше да калкулира со бројки во врска со дискусијата за минималната плата.
ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, ПРЕМИЕР
ВМРО-ДПМНЕ поддржува покачување на минималната плата но од таму додаваат дека треба да се почитуваат и колективните договори на работниците.
Инаку еден работник во Северна Македонија прима минимална плата од околу 250 евра а пониска плата од оваа примаат работниците во Албанија каде што минималната плата е 236 евра. Највисока минимална плата има во Словенија од 749 евра, потоа следат Хрватска со 569 евра, Црна Гора со околу 450 евра, Србија со 300 евра и Бугарија со околу 280 евра.
